Моден фокус // Трендови
Изработен првиот костим за капење идеален за време на менструалниот циклус
Можеби некому не претставува проблем да се капе за време на циклусот, но голем број припаднички на понежниот пол го планираат годишниот одмор токму по завршувањето на менструацијата.
Британската компанија „Modibodi Swim“ создаде костим за капење идеален за време на менструалниот циклус. Костимот спречува претекување, брзо се суши и спречува непријатни мириси.
Изработен е од материјал кој впива течности како тампон и истовремено заштитува од несакани инфекции.
Исто како и другите костими за капење и овој модел е неопходно редовно да се пере, а неговата цена е 70 фунти.