Изведба која нема да ве остави рамнодушни: Мими од Велес со „Зошто си ме мајко родила“ го заврши натпреварувањето во „Гранд“

Мими Јовановска од Велес и овој пат пееше супериорно на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. Меѓутоа, треба да бидеме искрени и да признаеме дека како што се стеснува кругот на натпреварувачите остануваат во натпреварот само најдобрите, а вчеравечер скоро 90 % од нив на највисоко ниво си ја исполнија својата задача.

Мими прво ја отпеа македонската народна песна „Зошто си ме мајко родила“, а за втора песна ја одбра „Кажуј крчмо“. Од жирито доби 5 гласа, и и беше истакнато дека запонала како аутсајдер, а дека до овој 5 круг се развила и подобрила многу со своите изведби, пеење и стајлинг. Но, за жал во баражот Мими испадна, не е избрана за да го продолжи понатаму натпреварувањето.



Фото: Фејсбук/Мими Јовановска

Р.Ж.М.