Извондредни вести: Фергунсон се разбудил од кома и разговарал со семејството

Добивај вести на Viber

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон се разбудил по операцијата поради пролевање на крв во мозокот.

Британските медиуми објавија дека 76-годишниот Фергусон е многу подобар. Тој се разбудил од кома, седел и разговарал со своето семејство и прашувал за резултатите од третманот.

Во саботата вечерта, Фергусон итно беше примен во болницата откако имал мозочен удар.

Сè уште е рано да се предвиди дали седумдесетгодишниот експерт ќе може целосно да закрепне и дали мозочниот удар што го доживеал ќе има трајни последици врз него, но сигурно е важно дека тој е здрав и свесен.