ИЗВОРИ НА СТРЕС: Сигурно и вас ве мачат

Добивај вести на Viber

Ако го најдете својот извор на стрес полесно ќе се ослободите од него. 

1. Престани да се оправдуваш пред другите за сѐ што правиш. Ти си своја личност и имаш свои мислења и ставови, а другите немаат никаква врска со тоа.

2. Почни да ги славиш малите успеси, а не да паѓаш во депресија ако не оствариш нешто големо. Немој да се споредуваш со другите затоа што секој си има свое темпо. Секој чекор значи дека си поблиску до целта и малите победи се исто така вредни за славење.

3. Ништо не е совршено и не се обидувај тоа да го реализираш. Едноставно само ќе се изложиш на уште поголем стрес.

4. Стави се себе на прво место и престани да им удоволуваш на сите. Сепак е најважно ти да си среќен.

5. Не се обидувај да им се допаднеш на сите, бидејќи тоа не е реално. Секој има различни вкусови и критериуми.