Ја гледавме како Жаде, а погледнете како оваа актерка изгледа 23 години после емитувањето на серијата (ФОТО)
На нашите простори беше популарна и бразилската теленовела „Клон“, која ја играше Жаде во познатата бразилска серија „Клон“ („Забранета љубов“) која и денес се памети и споменува.
Ја паметиме по нејзината неверојатна убавина, а и после толку години многу луѓе се прашуваат како изгледа денес.
Станува збор за актерката Џована Антонели Прадо (48), која работи како телевизиска водителка и продуцентка. Иако е родена и живее во Бразил, Џована има корени од Италија. Нејзиниот татко е оперски пејач, нејзината мајка балерина, па не е ни чудо што таа избра да се занимава со уметност. Сепак, нејзиниот брат тргна по друг пат - стана адвокат.
Светлата на камерата првпат ги доживеала на 15 години, кога се појавила во детска емисија, а само три години подоцна дебитирала како актерка во сапунска опера. Најмногу играла во сапуници кои и донеле голема слава. Најголема популарност и донесе серијата „Клон“, каде ја глумеше Жаде.
На 25-годишна возраст се омажила во бизнисменот Рикардо Медина, кој го запознала во средношколските денови, но по неполни две години бракот се распаднал, пишува „Just web world“.
После тоа Џована беше во врски, дури кратко беше свршена, но ниту една од тие романси не траеше долго. Меѓутоа, во 2010 година родила близначки во врска со режисерот Леонардо Ногуеира.
Иако е речиси на прагот на шестата деценија, Џована докажува дека старее како виното со слики на нејзиниот Инстаграм профил - ништо не се сменило и лесно би ја препознале. Интересно, таа има близу 20 милиони следбеници на социјалните мрежи.
ФОТО: Инстаграм принтскрин