Ја имаме хит бојата за коса ова лето: Лепа Брена, дали си тоа ти?
Брена викендов настапи со Сенида, а освен што буквално пукаа од енергија на сцената, големо внимание привлече уште нешто, фризурата на пејачката
Изгледа дека Брена како и секогаш не препушта ништо на случајноста, па успеа да предизвика општо чудење, се разбира на позитивен начин, штом излезе од луксузниот автомобил кој ја донесе на настапот.
Имено, Брена беше во убав свилен комплет, но тоа не го привлече вниманието на сите собрани новинари и фотографи, и на оние кои дојдоа да уживаат во настапот.
Заштитен знак на Брена низ годините е нејзината долга и раскошна руса коса. Овој пат пејачката реши да направи драстична промена и половина од косата да ја обои во сина боја.
Секако, коментарите беа дијаметрално спротивни, почнувајќи од „стилска-божица“, „сè и одговара“, до „што ѝ требаше ова“ и „морничаво“.
Извор: najzena.alo.rs