„Ја изневерив поранешната сопруга со нејзиниот братучед“: Пејачот ја шокираше нацијата со своето признание - „Убаво се бакнува“

Добивај вести на Viber

Пејачот Бојан Томовиќ во претходните години често беше во центарот на скандали, а во една прилика откри дека поранешната сопругата ја изневерил со нејзин братучед

Бојан Томовиќ откри дека ја изневерил сопругата, но откри и како се случило тоа.

„Да, ја изневерив, добро тоа беше зезанција, таа дури и навиваше“. И двајцата имавме 20 години, игравме игра и на нас ни се падна шишето. Мојата сопруга дури не охрабруваше да се бакнуваме со јазик и што не е во ред? Добто се бакнува, сериозен сум, ви велам“.

Бојан ги смени верата и името, нагласувајќи дека мирот го нашол во исламот. Од тој момент се вика Амар Мострокол.

- Спасот и мирот го најдов во исламот, а името Амар го избрав затоа што велат дека на арапски значи „живот“, па и покрај мојата болест, која за жал е позната по голем број самоубиства, избирам нов живот - изјави пејачот.


Сепак, пејачот набрзо дошол до заклучок дека „не е доволно добар за да биде муслиман“ и решил да биде агностик.

- Браќа муслимани, простете ми, но јас сум премногу валкан за да ја оцрнам вашата најчиста религија. Не сум достоен да бидам добар муслиман и затоа се враќам во мојот мал маѓепсан круг на темнина и депресија. Простете ми уште еднаш... Агностик Бојан – напиша тогаш на социјалните мрежи.

Неодамна Бојан Томовиќ заврши во болница откако се обиде да се повреди.

Извор: www.blic.rs