Во последните две години цените на ванилата нагло скокнаа, по што овој сладок зачин моментално чини повеќе од среброто.
За еден килограм ванила потребни се околу 600 американски долари, што е повеќе отколку за еден килограм сребро.
Повеќе од 75 отсто од ванилата се одгледува на тропскиот остров Мадагаскар.
„Главна причина за високата цена е циклонот кој минатиот март го погоди Мадагаскар и уништи голем број плантажи. И покрај надежите дека растот на цената ќе стагнира, таа и понатаму е на високо ниво бидејќи побарувачката е многу голема“- изјави Џулијан Гале, аналитичар на пазарот на суровини во компанијата IEG Vu.
Овој зачин се одгледува многу тешко, и поради тоа ванилата е најскапа состојка во светот, веднаш по шафранот.