Ја крие болеста на лицето позади големите очила: Ана Николиќ итно е примена во болница, во нејзиниот дом драма и кукање
Лицето на Ана Николиќ е се полошо, и
потребна е итна интервенција од лекар.
Како што пишуваат медиумите во последните денови, пејачката веќе некое време води битка со кожата на лицето, а бидејќи има се повеќе проблеми морала да се обрати за помош од лекарите.
Поради критичната состојба и сериозноста на дамките, Николиќ била примена веднаш и побарала тоа да биде сторго доверливо.
Пејачката била забележана пред клиниката каде дошла со нејзината тетка. Ана била вознемирена, и упорно се јавувала на лекар и се обидувала да го сокрие лицето со кое имала проблем. Се обидела да се маскира и да се сокрие од очите на јавноста и ставила голема капа, како и наочари кои покриваат половина од нејзиното лице.
Инаку, Николиќ привлече големо внимание во јавноста за време на гостувањето во емисијата „Амиџи шоу“ каде многумина коментираа дека лицето и е со лузни и дека нема заби, поради што ја навредуваа на социјалните мрежи. Исто така, освен со ревии, Ана на настапите се труди и да го покрие лицето со лепливи циркони.
Да потсетиме, Ана неодамна призна дека планира да оди на клиника во Австрија каде ќе има целосна детоксикација на телото, а многумина веруваат дека таа се подложува на тоа за да се одвикне од алкохолот.
- Да, сакам да одам, но сега немам време, кога ќе го завршам концертот. Клиника е прескапа, две недели, ништо не јадеш освен салати, вода... Само богатите одат таму. Мислам дека е добро да се исчисти телото, панкреасот, црниот дроб, да го зајакнам имунолошкиот систем. Не е пријатна процедура во секој случај, истакна пејачката.
Фото:youtube/screenshot