Актуелно // Жолта минута
Ја покори Ибица: Сања Маринковиќ објави фотка од базен, а само за еден детаљ дала 800 евра (ФОТО)
Водителката на најгледаното српско ток шоу „Магазин ин“, Сања Маринковиќ на својот профил сподели неколку кадри од шпански остров.
Слободните денови Сања Маринковиќ ги искористи за да замине во странство, а деновиве, се јави од Шпанија, од сончевата Ибица.
Кадрите направени во воздух најпрвин ги објави на социјалните мрежи, а потоа ги почести своите следбеници со фотографија на која позира во бикини.
По тој повод, авторката на емисијата „Магазин ин“ ја покажа својата експресивна фигура иисончан тен, а огромно внимание привлекоа скапите обетки „Шанел“ за кои потрошила околу 800 евра.
- Кога ќе се изморите, научете да се одморите. Не чекајте да се разболите, како мене на пример - напишала Сања во описот на фотографијата.