Ја повтори комбинацијата од 3000 евра: Кејт Мидлтон блеска во бел фустан на роденденската парада на Кралицата

Добивај вести на Viber

Таа реши да ја облече комбинацијата што веќе ја носеше минатото лето, а која можете да ја вметнете и вие во вашата гардероба.



Во Велика Британија се одржува роденденската парада, односно „Trooping of the color“, церемонија која е „втор датум од роденденот на кралицата Елизабета Втора“. Првата е секако на 21 април, но за овој настан се организира прослава.


Оваа церемонија се одржува од 17 век, а ја изведуваат полкови на британската војска, но се верува дека сето тоа било организирано уште порано.

View this post on Instagram

A post shared by Eleonora (@royal__magazine)



Секако, овој настан нема да помине без војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон, која папарацо фотографите ја сликаа пред да се качи во кочијата и се повози мавтајќи им на оние кои сакаа да присуствуваат на овој настан.


Секако дека нејзиниот стајлинг привлече големо внимание. Најкоментиран беше нејзиниот блејзер фустан, вреден околу 3.000 евра со потпис на дизајнерската куќа Александар Меквин. Се карактеризира со остар ревер, а она што е интересно е што одлично ја истакнува нејзината линија, па дури и да одговара со ланче од сафир и шешир, оваа комбинација е добитна.

View this post on Instagram

A post shared by nona (@true_royals_1)



Оваа комбинација ја носеше минатото лето, а тоа повторно е знак дека војвотката сака неколку пати да носи исти парчиња. Исто така, познато е дека Кејт го обожава споменатиот бренд, па често избира да носи парчиња со потпис на оваа дизајнерска куќа.


Фото: Instagram Printscreen