Ја препознавате ли? Една од најголемите пејачки во музичката историја: Реши да старее природно и вака изгледа на 67 години

Легендарната пејачка на популарната група „Juritmiks“ неодамна се огласи на Инстаграм за да му одговори на корисникот кој објави нејзина фотографија со прашањето „дали луѓето ја препознаваат личноста на фотографијата“.

По повод еден необичен твит, Ени Ленокс се огласи на социјалните мрежи и го пофали корисникот на Твитер кој го започна трендот споделувајќи ја нејзината фотографија и прашувајќи ги корисниците која е таа.


Поранешната пејачка на популарната група „Juritmiks“, Ени Ленокс истакна дека не е роб на стандардите за убавина, дека старее, но и дека блеска.

Одговарајќи на твитот на Џејсон Стримур, таа на својот Инстаграм профил објави фотографија во сосема природно издание со одговор:


„Здраво, Џејсон. Трендот на Твитер го започнавте со тоа што прашавте која е личноста на фотографијата, во која сум јас. Дали ја гледате разликата помеѓу личност во маскирна облека и растение. Јас сум стара, но сè уште блескам. Испраќам благослови и љубов“.

Покрај пораката до Џејсон, таа објави и селфи на кое позира во очила со проѕирна рамка додека стои покрај зелени лисја.


Фото: Твитер и Инстаграм