Ја споредија со Џеј Ло: Сите се во чудо колку Нина Бадриќ на најновите фотографии наликува на Џенифер Лопез
Пејачката Нина Бадриќ (48) плени и освојува со својата природна убавина, па не е ни чудо што ја нарекуваат најубавата жена на овие простори.
Нина има посебно место во срцето на публиката затоа што остана своја и се спротивстави на предизвиците на естетската хирургија, која денес е широко распространета.
Таа сигурно има свои трикови со кои ја одржува својата младост, а од време на време се фали со фотки на Инстаграм, без шминка, и покажува колку е негувана.
Често ја споредуваат со познати убавици како Моника Белучи и Џенифер Лопез. Дека ваквите споредби не се случајни, докажуваат и последните во низата фотографии што славната Хрватка ги сподели на својот Инстаграм.
Имено, таа објави фотографија од снимањето на нов спот, за кој 48-годишната дама позира со косата во опашка, моќна шминка и модерни, кул очила.
Во ова тренди, урбано издание, Нина неодоливо потсетува на латино дивата Џеј Ло во некои од нејзините спотови, а тоа го потврдуваат десетици коментари од нејзините следбеници.
„Џеј Ло, дали спиеш мирно?“, „Џеј Ло II“, „Мислев дека е Џеј Ло“, „Ти си кралица“, се само некои од коментарите под објавата на Инстаграм.
Што мислите вие наликуваат ли во стилот и ставот?
извор:GLOSSY