Јаболко, овошје во кое може да уживате

Добивај вести на Viber

„По едно јаболко на ден, го држи докторот подалеку од нас“, ова правило, убедени сме дека сте го слушнале. 

Нутриционистите предлагаат годишно да изедеме барем 30 до 40 килограми јаболка, а лицата кои се хранат правилно, јадат и повеќе.

 Јаболката го олеснува варењето на храната.

 Содржи бројни корисни материи кои го стимулираат одбранбениот систем на телото, го оневозможуваат таложењето на мастите во црниот дроб и штитат од рак. Плодот покрај вода, содржи и шеќери, пектин, витамин А, Б и Ц, уште и органски киселини како што се: јаболковата, лимоновата, мравјата и карбонската киселина.

Килограм јаболка има 600 калории, колку што има калории и во едно литар млеко. 

Јаболкото се разградува во желудникот за 15-20 минути.

 Ако се јаде во комбинација со друга храна во желудникот, таа се задржува и по неколку часа, па затоа се препорачува да се јаде пола час пред главниот оброк или неколку часа по оброкот. Со јаболкото е многу полесно да се издржи диетата, бидејќи тоа содржи пектин, кој набабрува и создава чувство на заситеност. 

Истражувањата покажуваат дека танинската киселина значително влијае на метаболизмот на мастите и го оневозможува нивното таложење во црниот дроб. Тоа откритие отвора можности за примената на танинот во редукциските диети и ја оправдува народната мудрост дека јаболкото помага при слабеењето. 

Со јаболкото се внесува многу вода (што е и пожелно при редукциските диети), се внесуваат и потребните витамини, минерали и влакна. Влакната помагаат во регулирањето на столицата и даваат чувство на ситост, а исто така, го зголемуваат и лачењето на мокрачата.