„Јадевме паштета за синот да има сѐ“: Братот на Жељко Јоксимовиќ се бореше со депресија, а потоа се соочи со пресврт во животот

Добивај вести на Viber

Отворено зборува за проблемите

Актерот Саша Јоксимовиќ, братот на познатиот пејач Жељко Јоксимовиќ зад себе остави многу тежок период.

Имено, поради недостигот на работа му паднала самодовербата и паднал во депресија, а за да се опорави побарал стручна помош.

„Во 2019 година буквално ништо не правев, јадевме паштета за нашиот син да има се‘“, откри Саша и додаде:

„Нема логика сите околу мене да се виновни, а јас да сум невин. Кога расчистив, станав друга личност, подобра верзија од себе. Ми требаше малку време да излезам од дупката во која паднав и да стапнам на безбедна земја, но сега можам само да одам по угорницата“, изјави братот на Жељко Јоксимовиќ.

Најголемите промени ги доживеал на прагот на својата петта деценија.

„38-мата беше погубна за мене, животот ми се сврте во 39-та, а 40-та ми навести дека ќе биде уште подобро. Битно е што фатив добар залет“, изјави актерот.

Со сопругата Невена е веќе две децении, а многу се шпекулираше за нивните брачни несогласувања.

„Каков црн развод! Јас не би можел да живеам без мојата сопруга, ниту таа без мене. На крајот на краиштата, би било глупаво да се разведеш по дваесет години. Ако сме издржале заедно две децении, ќе издржиме уште толку“, изјави за „Ало“ братот на Жељко Јоксимовиќ.


Фото: Youtube - screenshoot

Можеби ќе ве интересира:

Јас сум љубоморна како жена, не како сопруга: Јована Јоксимовиќ брутално искрена за Жељко