ЈАДРАНКА: Значење на името и какви личности се оние кои го носат
Името Јадранка произлегува од името Адријана.
Оригиналната форма на името е: Adriana
Името е со латинско потекло.
Значење на името: по потекло од Адриа (град во северна Италија по кого е наречено Јадранското море).
Во преносна смисла, Јадранка значи жител на јадранскиот брег, но и жена со срце големо како отворено море. Исто така, Јадранка значи жена со отворен ум и поглед на светот.
Нумеролошкиот број на Јадранка е осум. Луѓето кои го носат овој број обично наидуваат на тешкотии во животот. Иако нивниот живот е трнлив, нивната сила на умот и отворениот поглед кон животот им овозможуваат секогаш да застанат и храбро да чекорат напред.
Тешка судбина бара борбеност и истрајност, а Јадранка е токму таква. Ако ја познавате Јадранка, веројатно никогаш не сте слушнале дека не може таа нешто да не направи.
Тие се пример за интелектуална, емоционална и физичка сила и се инспирација за драгите луѓе за кои секојдневно се грижат.
Во љубовта се самоуверени, во бракот рамноправни, како мајки се нешто построги, а како пријателки се крајно рационални. Отпрвин би рекле дека на Јадранка и недостасува малку топлина, но кога ќе ги запознаеш, сфаќаш дека се комплетни, токму такви какви што треба.