JAGUAR I-PACE - европски автомобил на годината
● Jaguar I-PACE ја освои наградата „Европски автомобил на 2019 година“
● 60 стручни новинари го избраа целосно електричниот перформансен SUV Jaguar, во конкуренција на шест други финалисти
● I-PACE има освоено 55 награди на светско ниво од неговото лансирање пред една година
Целосно електричниот автомобил Jaguar I-PACE е прогласен за европски автомобил на годината на „European Car of the Year Awards 2019“. Жирито, составено од 60 стручни новинари од 23 земји, додели награда која ги препознава техничките иновации, дизајнот, перформансите, ефикасноста и противвредноста.
„Тоа што нашето прво електрично возило е исто така и првиот Jaguar којшто ја доби наградата„Европски автомобил на годината“, ни дава огромно чувство на гордост.I-PACE е дизајниран и изработен во Велика Британија почнувајќи од чист лист хартија. Тоа е технолошки најнапредното батериско електрично возило. Автомобил кој постави нови стандарди во областа. Добивањето на наградата „Европски автомобил на годината“ е вистинско признание за тоа што нашиот тим го испорача“,изјави проф. д-р Ралф Спит, главен извршен директор на Jaguar Land Rover.
Дизајниран и изработен во Велика Британија, Jaguar I-PACE бележи одличен успех и продажба за повеќе од 8.000 потрошувачи заклучно со 31 јануари 2019 година, од кои 75 проценти од нив во Европа.Тој е дизајниран да го искористува својот електричен мотор целосно, со алуминиумска конструкција, нудејќи спортски перформанси и практичност на SUV-возило.
I-PACE има добиено 55 награди низ целиот свет откако беше претставен пред една година, вклучувајќи ги автомобил на годината воГерманија, Норвешка и Британија, „BBC TopGearmagazine EV of the year“, во Кина „Green Car of the Year“ и „Autobest's ECOBEST Award“.
За повеќе информации за I-PACE посетете ја https://macedonia.jaguar.com/