Јас и Бојана многу се мачевме: Никола Роквиќ проговори за проблемите во бракот и разводот

Пејачот за прв пат проговори за проблемите во бракот

Никола Роквиќ важи за семеен и многу културен пејач. Неговата кариера не беше проследена со скандали, а популарноста ја стекна исклучиво со својот вокал.

Љубовта со Бојана Баровиќ му се случи во реалното шоу „Преживеан“ и трае веќе десет години. Од бракот имаат и две деца. Сепак, пејачот открива дека тој и неговата сопруга имале кавги и тешкотии, па дури и размислувале за развод. Верата му помогнала да ги надмине сите пречки:

- Пет години живеевме на релација Србија-Америка. Трпеше мојата работа овде, нејзината таму, па имавме кавги во врската. Рековме во еден момент дека ќе се разведеме. Ми беше тешко, а се мачевме многу. Потоа повторно ми се појави тоа чувство на убавина. После сфатив дека тоа е благодет. Внатрешен глас ми рече да продолжам да го читам Новиот завет. Го отворив Евангелието по Лука, раѓањето на свети Јован Крстител во Белград. Ја најдов на Централните гробишта. Два петоци по ред отидев да пеам со луѓе во црква. Се молев пред  Света Петка и Свети Јован за Бог да ме спои мене и Бојана, да ја немаме повеќе таа дистанца - изјави Никола во емисијата „Додека спијат ангелите“ и откри непознати детали од животот:


- Не знам зошто тогаш реков: „Боже, би сакал Бојана да е трудна, да се собереме на едно место и повеќе да не се разделуваме“. Во еден момент реков дека Бог постои само ако Бојана е бремена. Таа подоцна дојде од Америка и ми даде подарок. Додека го земав, под подарокот ми подаде рака и тест за бременост. Тогаш бев шокиран! Не можев да кажам ни збор. Значи, Господ постои, а од друга страна ми се исполни големата желба. После неколку дена Бојана ми кажа дека сонувала жена во црно, дека дошла да ѝ каже да не се грижи и дека сè ќе биде во ред. Тогаш ѝ кажав дека тоа била Света Петка. Леона подоцна ни се роди на денот на Света Петка Трнова, а се крсти на Света Петка Српска - заврши пејачот.

View this post on Instagram

A post shared by Bojana Barovic (@bojanabarovic)


Извор: www.magazin.novosti.rs