Јас и Марта доѓаме за Македонија, даваат само по 20 литри бензин за кола ако воопшто се најде: Македонката Мери од Украина

Добивај вести на Viber

Познатата македонска богерка  Мери Амбросова или „Моја Фитнес Мама“ која живее во Украина, на својот профил на Инстаграм сподели каква е ситуацијата таму.

Имено Мери преку видео најави дека таа и нејзината ќерка Марта доаѓаат за Македонија и се надева дека ќе се видиме во Скопје.

- Украина е огромна и само да ја превозиме ни требаат 10 саати - видно вознемирена започна со видеото таа и им се заблагодари на сите за поддршката, па раскажа дека едвај излегле на автопат и има невидени гужви.


Претходно Мери преку фотографии објави дека на бензиските пумпи дозволуваат да се точи само по 20 литри бензин за кола ако воопшто се најде.