Јас не бев сама кога се разделивме со Мачка: Тамара Тодевска ја откри причината за развод

Добивај вести на Viber

Пејачката Тамара Тодевска по седум години брак одлучи да стави крај на љубовната приказна со кошаркарот Александар Димтровски –Мачка. Иако многу порано се шпекулираше дека нивната врска е на стаклени нозе, сепак, Тамара одлучи оваа вест да ја сподели со јавноста откако ја промовираше новата песна „Нијагара“ во која е опишана последната година од бракот и сите пропратни случувања.

Како што и самата изјави неодамна на едно гостување во Србија, одлуката не ја донела преку ноќ, и призна дека долго време живеела во агонија.

-Во тој „кафез“ бев многу долго, живеев во некоја агонија, се се вртеше во круг, па тие зборови излегоа од мене како гнев. Додека пишував ми се врати она што ми се случи во претходниот период. Решив да го направам првиот чекор и да излезам од тој кафез и да им кажам на луѓето дека е лесно, ако навистина нешто искрено сакате. Тоа е за сите што имале проблем со говорот на омраза, за сите што некогаш биле разочарани, погрешно етикетирани, имале безизлезна ситуација, рече Тамара па продолжи да зборува за одлуката да се разведе од Мачка.

-Официјално, сè уште сум во брак, но веќе не живееме заедно. Имаме одлична врска, имаме две деца и подобро се сложуваме отколку кога бевме во брак. Това е исправна одлука и најдобрата работа што можевме да ја направиме еден за друг, изјави пејачката која по разделбата од сопругот имаше голема поддршка од семејството и пријателите.

Таа објасни дека за се во животот има излез, само треба силно да верувате. И додаде дека кога се разделила со Александар таа не била сама... со неа биле пријателите, родителите, психолозите. Призна дека не се срами да добие помош од оние кои си ја знаат работата. Но, најважно од се, е што конечно излегла од кафезот кој ја гушел долго време.