„Јас не можам да го правам тоа цела ноќ, за разлика од него“: Поради принцот Вилијам, милиони луѓе гледаа во Кејт, на Камила ѝ беше непријатно

Добивај вести на Viber

Во 2023 година, принцот Вилијам одржа говор во чест на неговиот татко, кралот Чарлс, а снимката дури сега стана вирална поради моментот во кој се пошегува.

Имено, пред својот говор, познатиот музичар Лајонел Ричи настапи со песната All Night Long, по што Вилијам излезе да одржи говор и со својата шега ги насмеа сите, особено принцезата Кејт.

„Ви благодарам на сите што ја направивте оваа нож посебна“, го започна својот говор Вилијам и продолжи: „Сакам да кажам неколку зборови за мојот татко и зошто верувам дека овој викенд е толку посебен“, застана тој и продолжи.

„Но, не грижете се. За разлика од Лионел, јас не можам да го правам тоа цела ноќ“, рече тој, предизвикувајќи громогласна смеа кај публиката.

Секако, никој не остана рамнодушен, а најмалку Кејт Мидлтон.

Видеото беше коментирано и на социјалните мрежи, па некои процениле дека кралицата Камила, која била во публиката со сопругот, не ја разбрала шегата или дека се засрамила од оваа реченица. Чарлс Трети и Кејт Мидлтон мислеа поинаку и продолжија да се смеат.

Видеото од оваа ситуација, кое собра повеќе од 14 милиони прегледи на Јутјуб, можете да го погледнете во продолжение:


Експертот за говор на телото Џуди Џејмс го објасни потегот на принцот Вилијам: „Тој намерно го направи ова, се гледа сериозноста на неговото лице кога го започна говорот, но сакаше да ја подготви публиката за она што следува, смеата и шегата. Реакцијата на неговата сопруга на шегата е слатка, флертувачка и бесценета, таа искрено се насмеа “.

Принцезата од Велс и принцот Вилијам, кои се во брак од 2011 година, не бегаат од вакви смешни ситуации, Кејт Мидлтон се врати на своите обврски по завршувањето на процесот на хемотерапија. 

Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Извор: B92.net/ Mondo.rs