ЈАС СУМ МАНЕКЕН НА ЛЕВИС ОД СРЕДНО: Влатко Стефановски на отварањето на новата џинс продавница
Музичарот Влатко Стефановски, пејачката Дани Димитровска, актерот Драган Спасов-Дац беа дел од отварањето на новата продавница на брендот за џинс, „Левис“, сношти во Скопје Сити Мол.
„Јас сум манекен на Левис уште од средно училиште. Цел живот носам Левис џинс“, ни изјави Влатко Стефановски. Познатиот гитарист кој низ цела Европа го промовираше актуелниот албум „Мајчин јазик“, во опуштената дружба им рече на пријателите: „Ме кандисавте да си купам нов џинс“.
Продавницата во Сити мол ќе ги нуди најновите машки и женски колекции на облека, чевли и модни додатоци на брендот. На свеченото отворање, гостите уживаа во електронските звуци на диџејот Филип Стефановски и имаа можност да ги персонализираат тексас парчињата во специјализираниот „Tailor Shop“ кој беше поддржан од студентите на Европски Универзитет – Јасмина Тодоровска и Христијан Младеновски.
Брендот e заштитен знак на американскиот класичен стил и релаксирана мода. Од нивното создавање во 1873 година од страна на Levi Strauss & Co, фармерките Левис станаа едно од најпрепознатливите парчиња облека во светот, стекнувајќи ја лојалноста на купувачите низ многу генерации. Денес портфолиото на брендот продолжува да се развива со водечка иновативност во индустријата за облека. Присутен во повеќе од 110 земји, озовможувајќи им на луѓето околу светот да го изразат својот личен стил.
За есен/зима 2018 инспирацијата за колекцијата на доаѓа од Social Club, групација на бунтовници, специфични личности, поразлични од останатите, личности кои нè учат на поинаков начин на размислување. И колекцијата на Левис претставува микс од различности: модата од деведесетите, влијанието на Источниот и Западниот брег, светли бои, спортски дезени, и сето тоа сплотено во добро препознатливата тексас класика.
Дел од моделите за новата сезона на брендот ги претставува познатата манекенка Лили Алдриџ. (М.Џ.)