„Јас сум нутриционист за пациенти со рак и никогаш во животот не би ги јадела овие 10 намирници“: Штетни се
Никол Ендрјус е 38-годишна нутриционистка за болни од рак,
која стана многу позната откако објави 10 намирници кои се штетни за здравјето.
„Знам колку храната може да биде корисна и лековита за да се подобрат резултатите од лекувањето или да се спречи враќањето на болеста.
За жал, има толку многу дезинформации за тоа што луѓето можат да јадат што јас сум среќна што можам да ве информирам и да ја расчистам забуната во ова видео“.
Во видеото на TikTok, Никол претстави листа на многу штетна храна за здравјето:
1. Алкохол
„Не пијам алкохол. Сите видови на алкохол - вклучувајќи го и црвеното вино - ќе го зголемат ризикот од шест различни видови на рак. Тоа е етанолот во алкохолот. Навистина, секое консумирање алкохол - било кој - веднаш почнува да го зголемува ризикот од рак“.
2. Месни производи
„Преработеното месо го зголемува ризикот од рак на дебелото црево при секое консумирање“.
3. Црвено месо
Според Никол црвеното место е генерално штетно.
4. Празни калории од засладените сокови и коктели
„Кога излегувам во ресторан, пијам само вода“, вели Никол.
5. Колбаси полнети со најмрсно месо и отпадоци
6. Шеќери
@oncology.nutrition.rd Say goodbye to confusion and uncertainty. Join my 1:1 coaching program today, regain control over your diet, and get back to living your life to the fullest! LINK IN BIO TO APPLY for 1:1 support TODAY! #breastcancerjourney #lungcancerawareness #bravetheshave #lymphomaawareness #livercancer #kidneycancer #prostatecancerawareness #radiationtherapy #hormonetherapy #sarcomaawareness #cancerresearchUK #pancreaticcancer #lymphoma #ovariancancer #prostatecancer #cancerfree#cancerwarrior#cancerfighter #oncology #breastcancersurvivor #cancerresearch #chemotherapy #chemo #cancerpatient#cancerawarenessmonth #oncologynurses#cancercure#cancernation #breastcancercare #cancermotivation original sound - Nichole | Oncology Dietitian
7. Храна во големи количини воопшто
„Црвеното месо нема да го зголеми ризикот од рак кога се консумира, како што тоа го прави алкохолот и преработеното месо, но ќе го зголеми ризикот од колоректален карцином ако јадеме 4 килограми од ова месо секоја недела.
Обично се придржувам до една порција црвено месо неделно, или едноставно не го јадам. Така, кога ќе излезам да јадам или кога готвам дома, оброците ќе ги подготвувам со пилешко, мисиркино, риба, морски плодови или различни видови растителни протеини како соја“.
8. Преголема количина на кафе
Никол тврди дека две кафиња дневно нема да му наштетат на телото, но претераното количество кафе во текот на денот ќе му наштети.
9. Бело брашно
„Јас сум девојка која јаде само интегрална храна. Тие имаат повеќе влакна и хранливи материи."
10. Не пијам млеко
Никол изјавува дека генерално избегнува млечни производи.
Фото и Видео: ТикТок