Јас сум сопруга на милионер и вака ми изгледа животот: Уморна сум, мака ми е од сѐ, а сопругот ми го забрани ова
Живот на висока нога, особено ако сте
сопруга на милионер, на прв поглед звучи и изгледа како нешто за што многу жени
сонуваат. Сепак, секоаш постои едно големо, но!
Сакајќи да ги истакне лошите страни на тоа како е да се биде сопруга на милионер, Линда Андранде, која има само 23 години и гордо се нарекува себеси „домаќинка од Дубаи“, како што се потпишува на социјалните мрежи, си ја отвори душата, иако има буквално што ќе посака, таа е е преморена од луксуз.
@lionlindaa but money CAN buy my happiness so im good #relationship #rich #millionaire Makeba
Секојдневно е опсипана со луксузни предмети, оди по скапи ресторани и места и често патува, оваа млада жена тврди дека сето тоа брзо може да исчезне. Веќе и е доста од ваквото секојдневие...
Во видеото на TikTok, таа истакна дека често се затекнува да мисли дека станува роб на сите тие скапи работи. Исто така, таа нема ни секунда време да биде опуштена, туку постојано е топ-облечена. Имено, нејзиниот сопруг е задолжен за финансирање на сите третмани за убавина.
@lionlindaa Get it right #golddigger #luxury #wife #housewife #rich #husband #soldejaniero @soldejaneiro #vibes #chanel #sephora #lifestyle Sak Pase
Друга негативна страна на нејзиниот животен стил се честите посети на ресторани и многу храна, и покрај тоа што е пребирлива и не јаде сè.
Љубомората на сопругот ја става на третото место. Како што вели, премногу жени се заинтересирани за нејзиниот сопруг. А критики имаше и за нејзините чести патувања кои ја прават хронично уморна.
Исто така нејзниот сопруг кој стана милионер благодарение на криптовалутите, не и дозволува да вози автомобил, како и сите други жени.
Фото:screenshot/lionlindaa/tiktok