,

Јас сум таа „будала“ која се омажи за сиромашен човек од љубов: По 7 години брак, еве што се случи!

фото:Shutterstock

Си имав и јас свои барања за идниот младоженец...

„Знам дека девојките имаат големи барања кога бараат иден сопруг. Скоро секој сака да се ожени/омажи „добро“, притоа мислејќи на парите. Додека за други, физичкиот изглед е поважен. „Ако не е убав и згоден, не доаѓа предвид“, често слушам како се шегуваат моите пријателки.

И јас имав свои барања за идниот младоженец.

Ми беше важно да не пие алкохол. Знам што значи тоа и не сакав да имам маж до мене кој ќе ми го направи животот пекол, на мене и моите деца. Тоа беше главното барање, но не и единственото!
Сакав добар, посветен и вреден човек покрај мене. И, се разбира, никогаш не би се оженила со некого во кој не сум заљубена.

Никогаш не ми беше важно дали мојот дечко има стан, пари, автомобили или богати родители. Веројатно не ме интересираа парите бидејќи не сум ниту јас од богато семејство. Мајка ми сама не' воспита брат ми и мене. Живеевме многу скромно.

И тогаш го запознав НЕГО - идниот, доживотен, вистински господин... Се запознавме... По една година, решивме да се венчаме.

Според модерните стандарди, тој беше сиромашен. Тој израснал во големо семејство со уште пет браќа и сестри. Дипломирал на Факултетот за механика за авиони, служел две години во војска, а потоа се вработил во средно училиште како професор.

Живееше во голема родителска куќа со своите родители и браќа.

Кога се венчавме (многу скромно) почнавме да живееме како станари. Првите шест месеци поминаа во детално запознавање (за прв пат живеевме заедно), со изливи на љубомора и несогласувања. Се расправавме за се', но сепак бевме многу заљубени.

Потоа почина неговата мајка. Прв и единствен пат кога го видов како плаче. Наскоро добивме деца - работевме на нашето семејство.
Тој бараше подобра работа, со малку повеќе пари за да можеме ние како семејство да живееме поудобно. И ја доби. Пари немаше пари за расфрлување, но не ни недостасуваа.

Успеавме да собереме нешто пари и да купиме парцела. Почнавме да ја градиме нашата куќа со помош на помали заеми. Животот си тече на свој начин.
Немаме идеално семејство. Постојат тешкотии, како и во секое друго семејство. Но, најважно за нас е дека сите сме здрави и живи и заедно.

Ние сме заедно веќе седум години и од оваа перспектива можам да кажам дека тој се уште е човекот што го засакав. Кога би можел да бирам, повторно би го избрала.

Во текот на овие седум години, мојата љубов кон него растеше уште повеќе. Знам дека можам да се потпрам на него во секоја ситуација. Гледам дека и тој ме сака мене и децата.

Не сме богати, не сме „натпросечни“, но никому не должиме пари или не бараме материјална помош.

Неодамна, еднз моја пријателка се омажи со богат човек. Постојано се расправаат. Таа вели дека оди насекаде без неа, пие, се коцка, никогаш не е дома со неа и децата. Исто така вели дека би го оставила, да не заработува толку пари.

Никогаш не би можела да живеам со таков товар. Најважно за мене е да има мир, хармонично семејство и сигурен сопруг.

Отсекогаш сакав искрена врска, сопруг кој ме сака и здрави деца, и секогаш знаев дека парите не можат да ми го дадат тоа.“

извор;stil.kurir.rs