Јавно призна дека спиела со другарот на син ѝ, ќерка ѝ е во полиаморија: Сите контроверзии на Џејдa Пинкет Смит
фото:EPA/instagram
По скандалот на Оскарите, сопругата на Вил Смит, Џејда Пинкет Смит деновиве повторно е главна тема на разговор, но овојпат со сите нејзини контроверзии.
Актерката и сопруга на Вил Смит, Џејд Пинкет Смит е честа тема во медиумите најчесто поради бројните контроверзии со кои е поврзува.
Сега кога е повторно во фокусот, се актуелизираат и прашањата за нејзината врска со Тупак Шакур кои се поставуваат со децении по смртта на познатиот рапер. Таа самата призна дека ги поврзала - дрогата.
„Кога првпат го запознав Пак, јас бев дилер“, се присети Џејда како гостинка на Sway's Universe. „Нашата врска беше опстанок“, опиша таа во тоа време. Медиумите, исто така, во 1995 година пишуваа дека таа еднаш платила 100.000 долари за да му помогне на Шакур да излезе од притвор каде што завршил поради обвинение за сексуален напад.
За нивната врска и денес се зборува, особено затоа што нејзиниот сопруг Вил Смит еднаш призна дека е љубоморен на покојниот рапер.
„На почетокот на нашата врска ме мачеше нивната врска“, напиша Вил во својата автобиографија, објаснувајќи дека „иако никогаш не биле интимни, нивната љубов еден кон друг е легендарна.“
Семејството Смит се поврзува и со скиентологијата.
Американската актерка Леа Ремини пред пет години во интервју за The Daily Beast изјави дека Џејда е член на скиентолошката црква Рон Хабард.
„Никогаш не го видов Вил таму, но ја видов Џејда“, рече тогаш Ремини.
Двојката, исто така, ја основаше Академијата за лидерство во 2008 година, а откако училиштето пропадна, еден од поранешните професори рече дека ги учеле учениците врз основа на учебници по скиентологија.
Џејда и Вил беа неколку пати критикувани за начинот на кој ги воспитуваат своите деца. Прашина се крена во 2014 година кога беа објавени фотографии на кои нивната тогаш 13-годишна ќерка Вилу позира со седум години повозрасниот Мозес Ариас, без маица. Џејда потоа се бранеше велејќи дека „нема ништо сексуално на таа слика или таа ситуација“.
„Јас не сум конвенционален родител, на што сум многу горда“, рече таа тогаш во своја одбрана, објаснувајќи дека Смитс се многу отворени за различни теми.
А нивното воспитување се стави под прашалник и кога Вилоу неодамна призна дека е во полиаморија, по примерот на родителите, во исто време е во врска со повеќе партнери, за што призна и во шоуто на мајка ѝ Џејда.
Дека е неконвенционален родител, Џејда докажа и кога призна дека имала афера со пријателот на нејзиниот син, раперот Аугуст Алсин.
Раперот откри дека биле во кратка врска во 2015 година, додека Џејда и Вил живееле одвоено. Тој тогаш имал 22 години, а Џејда 43. По тоа откритие, Џејда Пинкет Смит седна на познатата црвена маса со Вил Смит, во нејзиното шоу „The Red Table Talk“ и призна дека ѝ „требало духовно исцелување“.
Смит ја сподели својата страна на приказната и рече дека никогаш не го дал својот благослов за врската со младиот рапер, како што тврдеше Аугуст. Снимката од тој разговор набрзо стана вирална, како и снимката од реакцијата на Џејда откако нејзиниот сопруг му удри шлаканица на комичарот Крис Рок на Оскарите затоа што се пошегува на сметка на нејзината алопеција, додека таа се смешкаше.
извор:stil.kurir.rs
И наша позната новинарка ја има: Оваа е болеста со која се бори сопругата на Вил Смит