Јелена Томашевиќ конечно ја покажа својата ќерка: Нина е копија на тато!

Познатата поп-пејачка Јелена Томашевиќ и актерот Иван Босиљчиќ, се долго време заедно. Плод на нивната љубов е малата Нина, која до неодамна ја криеја од очите на јавноста.

Имено, Јелена и Иван постојано споделуваа фотографии со неа, но на ниту една не ѝ се гледаше лицето. Овој пат е поинаку, Јелена сподели семејна фотографија, на која конечно се гледа ликот на Нина. Таа дефинитивно е копија на тато Иван.