Јована Јеремиќ како филмска дива: Водителката едвај го скроти немирниот фустан, па повторно шокираше: „Го трасирам патот кон Холивуд“ (ВИДЕО)
Популарната водителка деновиве не престанува да ги изненадува своите следбеници.
Јована Јеремиќ овој месец се подготвува за новата сезона на својата емисија, а нејзините објави ги „запалија“ социјалните мрежи. Водителката се испроба во улогата на тенисерка и фудбалерка, а ги оживеа и познатите светски ѕвезди и српски историски личности.
Една од нив беше и најпознатата русокоса во светот Мерлин Монро, а пред студиото на Пинк на Дедиње се појави во бел фустан како оној што го носеше актерката во филмот „Седум години верност“.
- Се надевам дека прекрасниот ветер на Дедиње нема да го уништи овој фустан. Денес јас сум Мерлин Монро. Ме прашуваат што правам овие денови? Се пробивам кон Холивуд! – рекла Јована додека се обидувала да го „скроти“ фустанот од ветрот.
Погледнете го видеото за да видите како таа носи фустан како оној во кој славната Мерлинка го сними најпознатиот кадар во филмската историја.