Јована Јеремиќ направила лом во домот на партнерот: ВИДЕО од хаосот стана вирално, водителката „скока“
Еве што се случувало зад ѕидовите на вилата во Грочка!
Водителката на утринската програма на телевизија Пинк, Јована Јеремиќ е многу активна на социјалните мрежи, а сега на своите следбеници им приреди неочекувано изненадување од својот луксузен дом во Грочка. Имено, Јеремиеќ на својот Инстаграм профил сподели видео од вилата „Јована“, откривајќи малку од атмосферата од приватната забава што ја приреди со нејзиниот партнер, бизнисменот Драган Станковиќ.
Како што може да се види на видеото кое популарната водителка го сподели со своите следбеници, во еден момент посегна по микрофонот и почна да го пее хитот „Вечера“ на популарната фолк пејачка Вики Миљковиќ. Со неа цело време е присутен и нејзиниот партнер Драган, кој во еден момент и се придружи на партнерката и танцуваше со неа, момент што камерата го снимила.
Фото: Youtube - screenshoot
Видео: Инстаграм
Извор: република.рс