Јована Јеремиќ за 10 минути зема бакшиш од 1.000 евра: Водителката пееше на свадба, едвај ги држеше во рацете
Водителката Јована Јеремиќ пеела на свадба, каде била со партнерот Драган Станковиќ и за 10 минути заработила дури 1.000 евра.
Имено, водителката Јована Јеремиќ на свадбата блеснала во црно-бела комбинација.
Јована за оваа пригода облекла црно-бел фустан со сако, а нејзиниот партнер бил во костум.
Двајцата ја поминаа цела вечер, пеејќи, танцувајќи и споделувајќи страсни бакнежи.
Во еден момент Јована го зеде микрофонот и отпеа неколку хитови. Таа добила бакшиш од 1.000 евра за само 10 минути.
Таа ужива во љубовта со бизнисменот кој е 15 години постар од неа
Водителката на утринската програма на Пинк, Јована Јеремиќ, веќе извесно време ужива во врска со бизнисменот кој е 15 години постар од неа, чиј идентитет извесно време го криеше од јавноста.
Јована Јеремиќ е вљубена во богатиот бизнисмен Драган Станковиќ, а двајцата нагласуваат дека еден за друг се најголемите љубови.
Инаку, Јована Јеремиќ наскоро ќе отпатува во Америка од каде ќе известува за тамошните претседателски избори. По тој повод таа го покажа своето CV во кое изјави дека зборува дури пет јазици.
Фото: Принтскрин/ИнстаграмИзвор: Blic.rs