Јулија и официјално беше најубавата жена во Русија, а сега е непрепознатлива - изобличена: „Имав убаво лице, но ја напуштив клиниката уништена“

Добивај вести на Viber

Руската кралица на убавината Јулија Тарасевич била „изобличена доживотно“ по естетската процедура која чинела околу 3.500 евра, а која ја направила во 2020-та година. По спорната корекција, Јулија „не може да ги затвори очите, ниту да се насмее“, а променетиот изглед дури ѝ ја уништи кариерата.

Оваа 45-годишна жена, која непосредно пред пластичната хирургија го освои второто место на натпреварот за најубава мажена жена во Русија, го тужела хирургот кој ѝ го оперирал лицето, а неодамна објави и како завршил спорот.

Имено, тој е осуден за небрежност и три години условна казна, но казната никогаш не стапила во сила бидејќи случајот бил застарен. Исто така, оваа манекенка добила само 10.000 евра обештетување, иако сумата што ја побарала надминува 300.000 евра, пренесува „The Mirror“.

View this post on Instagram

A post shared by (@uliyatarasevich)


„Дојдов кај него со убаво, здраво лице. Сакав само да корегирам некои мали промени предизвикани од стареењето и за жал го изгубив здравјето. Нашето законодавство е чудно, бидејќи тој ме изобличи доживотно, а тој доби само три-годишна затворска казна и на крајот ни толку. Да ми се вратеше на крајот лицето на старо, ќе замавнев со рака и ќе речев: „Па, добро“. Но, не“, рече оваа мајка на две деца од Сочи.

„Сега се навикнувам да се фотографирам без насмевка и учам да избирам различни, соодветни агли“, додаде таа.

Процедурите кои ја „обезобразија“ Јулија, како што вели таа, се комбинација од лифтинг на лицето, намалување на маснотиите на образите и операција на очните капаци.

„Имам лузни од кога ми го „извадоа“ целото ткиво од образите. Очите не ми се затвораат и не можам да се насмевнам. Не можам да ја подигнам горната усна. Еден дел од лицето не ми работи целосно“, изјави оваа Русинка за локалните медиуми веднаш по операцијата. Сега, четири години подоцна, нејзиното лице изгледа многу подобро, но сè уште не е вратено во поранешната состојба.

Од клиниката тврдат дека Јулија има ретка генетска состојба, која било невозможно да се предвиди, а која предизвикала дополнителни последици.

Извор: zena.blic.rs