,

Kаде се децата?

Добивај вести на Viber

Кога бев дете бев војник. Во соседството и со брат ми си игравме војни, ловци, игравме фудбал, се качувавме на стебла и живеевме на велосипед. Понатаму во училиште ги запознав и другите од соседството. Си игравме на ливадите каде денес никна автопат. Игравме, пеевме, глумевме, се преправавме дека сме некоја позната поп група. Кога одевме на училиште попат ги собиравме сите кои живееја близу за да одиме заедно на настава. По часови ги остававаме ранците за да се играме и да се дружиме. Секогаш прашував зошто не можам јас надвор ако може некој од моите другари. Одевме од еден до друг и така се собиравме за да си играме. Бабите од трети кат викаа по анс затоа што сме гласни и не го почитуваме куќниот ред. Се случуваше топката да ни одлета во двор на соседот преку ограда. На роденден се собиравме заедно и ги отворавме подароците. Се фотографиравме со обичен фотоапарат, а потоа оние кои се добри, ги дуплиравме. Преку лето бевме по цел ден надвор, затоа имавме темен тен. Јас и брат ми бевме дебели деца, но здрави, имавме енергија, а не бевме дебели како денешните деца од недвижење или од лоша храна. Не јадевме пица и брза храна, но не бевме ниту затворени во четири ѕида. Бевме среќни деца без мобилни телефони, и не се плашевме дека нешто ни недостига и дека мора да го имаме. Денес децата имаат повеќе од било кога, но што? На децата светот останува, а тие ќе се потрудат да имаат среќни деца.