Каде е денес и што прави познатата „силиконска кралица“: Се врати на природниот изглед и видете ја сега (ФОТО)
Каде е денес и што прави познатата српска „силиконска кралица“: Се врати во мајката природа таа е буквално непрепознатлива (ФОТО)
Ги намалила градите и усните и ја сменила бојата на косата
Денес пластичната хирургија не е прашање на престиж, па се повеќе жени одат под нож, а прашање е каде е границата на добриот вкус.
Тијана Ѓуричиќ, попозната како „кралицата на силиконите“, ја запрепасти јавноста со својот физички изглед пред неколку години, кога нејзините фотографии од еден клуб станаа вирални.
Пред неколку години јавноста шокирано гледаше во фотографиите на „пренапумпана“ бринета која на социјалните мрежи се фалеше со зголемени усни и гради, а агресивните сини леќи дополнително придонесоа за нејзиниот неприроден изглед.
На таа фотографија таа позирала со пријател кој очигледно ја делел истата страст за естетските зафати, а медиумите веднаш стапиле во контакт со нив.
Тијана гостуваше во емисијата „Магазин ин“ каде уште еднаш шокираше со својот став, и започна јавна дискусија за старлетите, естетиката, убавината, самодовербата и воопшто за вредностите во денешното општество.
На Тијана популарност ѝ донесе и учеството во реалното шоу програмата „Фарма“, па токму тогаш на површина исплива нејзината фотографија пред сите естетски зафати.
Многумина коментираа дека воопшто не и е потребна промена на изгледот, но Ѓуричиќ го отфрли секое мислење што се коси со нејзиното.
А потоа, Тијана нагло се повлече од јавниот живот, клубовите, рефлекторите и шокираше со нова драстична промена - „силиконската кралица“ повеќе не е „силиконската кралица“!
Имено, таа одлучила да ги намали градите, да извади силикони од усните, да ослабе и да носи сини леќи! Значи, сè по што беше препознатлива.
Ова наиде на општ ентузијазам кај сите нејзини фанови, а комплиментите само продолжија да се нижат.
Тијана денес изгледа сосема поинаку. Иако целосно не се откажала од процедурите на лицето и телото, сега изгледа многу поприродно, а според многумина – поубаво.