Каде има чад има и оган: „Гори“ ли меѓу Иван Јованов и Мартија Станојковиќ?

Добивај вести на Viber

Подолго време јавноста бруи дека пејачот Иван Јованов кој беше во петгодишна врска со Антонија Гиговска, и пејачката  Мартија Станојковиќ која исто така и беше пријателка на Антонија се во љубовна врска. Наводно, тие не сакаат да објават дека се заедно, прво поради разликата во години а потоа поради Антонија.

- Заедно се, но ниту они ниту јас не сакам да зборувам за тоа, кога ќе бидат подготвени самите ќе си кажат. Па нели ги гледате колку се блиски на настапите, ни кажа близок извор на пејачите.

Инаку, Мартија и Иван релативно често настапуваат заедно, но она што многумина го забележуваат е дека тие се необично блиски, па не е ни чудно што многу прашања и коментари под нивните заеднички видеа се, дали се во врска и дека се одличен пар.

Обично се вели, каде има чад има и оган.

Дали гори помеѓу Мартија и Иван, или пак се само многу добри пријатели, останува да дознаеме кога ќе се огласат и главните актери на приказната. За сега, ниту двајцата не се достапни за изјава. 


Фото: Ivanjovanov/Instagram