КАДЕ ОДМАРААТ ПОЗНАТИТЕ ЗА ПРОДОЛЖЕНИОТ ВИКЕНД: Работно или на одмор во Грција, Италија, Словенија и Турција

Добивај вести на Viber

Продолжениот празничен викенд, домашните јавни личности го искористија за патување, најмногу на море. Грција, Турција, Италија и Словенија се дестинациите кои македонските познати личности ги посетија, дел од нив од задоволство, дел по работа.

Поп-ѕвездата Каролина Гочева на својот инстаграм профил објави слика од Турција, под која напиша: Ден петти. Каролина, по пролетната турнеа низ неколку градови во Македонија е на заслужен одмор.


Водителката Лила Стојановска објави неколку фотографии од плажа. „Животот е убав“, напиша Лила на својот инстаграм профил под сликата на која го пие утринското кафе со поглед на море.


Групата Љубојна се на работно патување на Јадранското море. Вера Милошеска, вокалот на етно-составот своите следбеници на социјалните мрежи ги извести дека имале успешен настап во Пиран, Словенија.


Влатко Стефановски, го помина денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј токму во Рим. Гитарскиот виртуоз, кој низ Европа и низ регионот го промовира новиот албум „Мајчин јазик“, одржа концерт во главниот град на Италија.


На патување со кое ги спои работата и задоволството е пејачката и автор Магдалена Цветкоска- Ена. Таа заедно со нејзниот брат, композиторот и продуцент Лазар Цветкоски и со поп-пејачот Влатко Лозаноски е во Кушадаси, Турција, каде што Лозано го снима новиот спот.


Моделот со интернационална кариера, Катарина Ивановска, одмара во Грција, на Халкидики, во местото Калитеа. Катарина пред неколку месеци им се  врати на работните ангажамни, а нејзиниот син, Вања наскоро ќе наполни една година.


М.Џаровска