Каде отидоа колковите? Ким тврди дека вака изгледа во костим за капење, но фотки од реалноста покажуваат друго

Добивај вести на Viber

Ким Кардашијан неодамна ја претстави новата колекција на својот моден бренд SKIMS, беше и модел, а на фотографиите од рекламата ТВ ѕвездата изгледа како модел, слично на нејзината сестра Кендал Џенер.

На Ким гледаме интересен костим за капење - долниот дел е подигнат на колковите, горниот дел е украсен со врвки како бикини, а има и ракави за најоригинален стајлинг на плажа.  

Кампањата е тука, Ким го спои убавото и корисното, па уште еднаш ги рекламираше своите креации. Сепак, повеќе од очигледно е дека фотографиите не го покажуваат нејзиниот вистински изглед. Иако многу ослабе и се‘ повеќе се откажува од облините по кои беше препознатлива, постои јаз меѓу овие фотоки и тие во живо. 


Фотографиите направени неодамна на модната недела во Милано откриваат дека Ким сè уште ја краси фигурата на песочен часовник што се карактеризира со изразени колкови - кои ги нема на фотографиите од кампањата. 


Изгледа дека Ким бега од своето вистинско јас, а нема причина, секој тип на женско тело и убавина е подеднакво привлечен.


Фото: Инстаграм

Жените полудеа по најпопуларните бикини за ова лето: Ким Кардашијан го покажа најновиот тренд, ја отвори летната сезона со жешки фотографии