Доколку вашиот избор за одмор е Грција, таму ова лето ќе платите повеќе од лани, а Хрватска има исти цени како лани, а додека Црна Гора е најевтина.
Во Грција сопствениците на апартмани воведоа 10 отсто поскапи цени, како и такса. Гирото и сендвичите се околу 2-3 евра, суфлаки 2,5. За четиричлено семејство за оброк ви се неопходни 50 евра.
Во Хрватска хотелите се поскапи за 5-10 посто, цените на апартманите се движат од 60-80 евра на ден. Кафе и чај чини 1,3 евра, а сендивичите се од 2 до 3 евра.
Во Црна Гора апартмани има за 20-50 евра од ден, кафето е евро до две, додека флашираната вода се продава за 1-2 евра.