Каде во светот живеат најубавите жени?
Магазинот „Аскман“ направи листа од градови кои треба да се посетат поради две причини, знаменитости и убави жени.
Ова е листата на градовите во кои живеат најубавите жени во светот.
Хонг Конг, Кина
Според многумина Хонг Конг е град кој важи за поурбанизиран и од Лондон и Њујорк. Поради тоа што овој град е сон за многу жени од Кина, Јапонија, Тајланд и Виетнам, не е ни чудно што може да се забележат голем број убави жени.
Тел Авив, Израел
Ако одите во Тел Авив ќе можете да уживате во згодните женски фигури, зелените очи и темниот тен.
Монтреал, Канада
Квебек е место каде што ќе сретнете европска, поточно француска и северноамериканска култура.
Стокхолм, Шведска
Светол тен и руса коса!
Мајами, САД
Ако сакате да ги избегнете пластичните девојки кои се тренд во Калифорнија, а сакате витки и природни девојки, тогаш Мајами е следната дестинација за вас.
Прага, Чешка
Каролина Куркова, Петра Немцова и Ева Херцигова се само мал дел од познатите преубави девојки кои ни доаѓаат од Прага.
Копенхаген, Данска
Девојките од Данска се познати по нивните природно руси коси, изразени црти на лицето и по висината.
Милано, Италија
Милано е престолнина на модата, па не е ни чудно што најубавите модели шетаат по улиците.
Рио Де Женеиро, Бразил
Жизел Буншен, Адриана Лима и Алесандра Амбросио се примери за тоа какви жени може да се најдат во Бразил.