Кај и да е со мислите дома е: „Јас во преубавата Црна Гора, а во мисли со Охрид“ – Македонската дива со спектакулатен настап на концерт на Жељко Самарџиќ
Македонската дива Калиопи во овие топли летни денови ужива во Црна Гора. Но наместо плажа и костим за капење, Калиопи одлучи при посетата на оваа земја да им се оддолжи на медиумите. Па така на едно место го спои задоволството со работата.
Во неколку дневната посета на Црна Гора Калиопи направи медиумска промоција на нејзиниот нов албум, насловен „Албум“.
Ги посети Будва и Подгорица, каде имаше радиски и телевизиски интервјуа, но и прошетки низ преубавите Будва и Подгорица.
„„Зошто сè шт убаво е далеку“ – Јас во преубавата Црна Гора, а во мисли со Охрид и концертот што се наближува... Возбудата расте, драги мои, со секој еден ден...“, напиша Калиопи на видеото кое го објави на Инстаграм.
Јаготката на шлагот при нејзината посета на Црна Гора беше појавувањето на Калиопи како специјална гостинка на концертот на Жељко Самарџиќ, каде ја отпеаа нивната дуетска песна.
„И финален ден во Црна Гора, јас како гостин- изненадување на спектакуларниот концерт на мојот пријател Жељко Самарџиќ на Канли кули во Херцег Нови. Каква ноќ! Каква публика! Горда сум на тебе, пријателу мој! Беше преубаво! Те сакам!“, напиша Калиопи.Фото: Инстаграм