Кајмакоски сподели фотки од венчавката со неговата љубена: Ти благодарам што ја извади најдобрата верзија од мене

Добивај вести на Viber

Пејачот Даниел Кајмакоски кој се прослави со шоуто „Х Фактор“ во саботата откри дека се оженил по втор пат. Тој живее во Белград, па најчесто таму има и настапи.

Неговата љубена е атрактивна црнокоса на која ѝ го крие името од јавноста. Вљубената двојка убавата вест за склучениот граѓански брак ја сподели на Инстаграм, а вчера пејачот сподели и фотографии од чинот:

„„Те сакам, не само поради тоа што си, туку и поради тоа што сум јас кога сум со тебе. Ти благодарам што ја изнесе најдобрата верзија од мене..“, напиша Кајмакоски до објавата.




Инаку Даниел од првиот брак со манекенката и од неодамна пејачка Кристина, позната во јавноста и како Кристина Димитри го имаат синот Давид, кој минатата година наполни 5 годинки.


Фото: Инстаграм - Даниел Кајмакоски

Доказ дека љубовта му цвета: Даниел Кајмакоски доби пресладок подарок од девојката (ФОТО)