Доказ дека љубовта му цвета: Даниел Кајмакоски доби пресладок подарок од девојката (ФОТО)

Љубовта повторно царува во срцето на пејачот Даниел Кајмакоски. Откако летото за прв пат на јавноста ѝ откри дека има девојка преку Инстаграм фотографии, деновиве пејачот повторно покажа дека во љубовниот живот му цветаат ружи.

Имено, тој на социјалните мрежи сподели дека од неговата девојка на подарок доби нов домашен миленик - куче од расата Кокер Шпаниел.

„Љубов на прв поглед. Добредојде во семејството мала Нера. Едно големо благодарам до мојата девојка која ме направи толку среќен“ - напиша покрај фотографиите на кои го покажа новото домашно милениче.

Инаку, иако веќе неколку месеци споделува фотки со неа, Даниел не го открива нејзиното име, па така неговата девојка сè уште е мистерија за јавноста.

фото: Принтскрин / Инстаграм