Се ожени со мистериозната девојка: Даниел Кајмакоски по втор пат стапи во брак (ФОТО)

Пејачот Даниел Кајмакоски, со фотографија на Инстаграм откри дека штотуку се венчал со својата љубена, на која ѝ го крие името од јавноста

Имено тој  летото за прв пат на јавноста ѝ откри дека има девојка, а знае и често да објавува фотографии со неа и да посочи дека во љубовта му цветаат ружи.

- Ти си сè што некогаш сум посакувал - напиша Кајмакоски под една од нивните заеднички фотографии и додаде дека се чувствува благославен.

View this post on Instagram

A post shared by Daniel Kajmakoski (@daniel_kajmakoski)


Ова е втор брак за Даниел, кој стави крај на бракот со манекенката Кристина Димитријевска во 2020-та година. Со неа го има и синот Давид.