Како Александра Радовиќ ослабе 10 кг и доби фигура песочен часовник? Јадеше и благо, а ова е нејзината исхрана

Добивај вести на Viber

Од 70 килограми дојде до 60 и сега е презадоволна од својот изглед

Популарната пејачка Александра Радовиќ е многу внимателна на исхраната, но како и сите порано варираше со килограмите. Во еден момент од животот се здебели неколку килограми вишок и тоа воопшто не ѝ се допадна.

Тогаш реши да се посвети и да го најде најдобриот начин да ја сведе својата тежина до идеалната за неа. Во тоа успеала благодарение на одрекувањето, исхраната и физичката активност.

Наскоро почна да следи диета која ја балансирала нејзината исхрана, а клучот е што избегнува да јаде тесто. За појадок има житарки и јогурт, за ручек најмногу пилешко и спанаќ, а за вечера салата.

View this post on Instagram

A post shared by (@alexandradovic)


- Имам урамнотежена исхрана, внимавам на внесот на леб, брашно и тесто. Сакам слатки, но не ги јадам постојано, туку кога навистина сакам. И генетиката има малку врска со изгледот, бидејќи во моето семејство сите изгледаат добро - раскажа во една прилика Александра, па додаде: 

- Одам на тренинг секое утро, им го препорачувам на сите жени. За слабеење важна е секојдневната физичка активност. За сите овие години се покажа како добитна комбинација во борбата против вишокот килограми. Жените обично велат дека немаат време, но тоа не треба да биде изговор, вели таа и додава:

- Нека најдат теретана во близина и секое утро нека шетаат брзо на лента за трчање по 45 минути. Секогаш кога имам дополнително слободно време, вежбам долго или одам на пливање. Во пролет и лето практикувам и брзо одење во природа. Сакам паркови и шуми.

View this post on Instagram

A post shared by (@alexandradovic)


Освен одење, таа практикува и други вежби во кои навистина ужива.

- Сакам чучњеви, прескокнување јажиња, стомачни и топка. Ми се допаѓа сè! Многу често, кога гостувам во некоја утринска програма, веднаш со цела шминка одам на тренинг директно од телевизор. Навистина се трудам да не пропуштам ниту еден тренинг – изјави Радовиќ за „Информер“.

Извор: glossy.espreso.co.rs