Како Ана Ивановиќ ги поминува трудничките денови? Спортската двојка ужива во секој момент, таткото не ја симнува насмевката од лицето

Добивај вести на Viber

Тие се во нивната куќа во Австрија и се целосно посветени на семејството

Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер неодамна ја споделија радосната вест дека го чекаат третото дете, а сега имаме информација како оваа спортска двојка ги поминува деновите од бременоста на некогашната светска тенисерка број еден.

View this post on Instagram

A post shared by  (@anaivanovic)


Познато е дека водат мирен семеен живот. Тие наводно уживаат во својата куќа во Австрија, која ја купија пред две години, од каде ја споделија веста дека Ана е бремена.

- Само најтесниот круг од семејството знаеше дека Ана е бремена и таа вест ги израдува сите бидејќи знаат дека Ана и Швијни од почетокот сакаат големо семејство. Не кријат дека покрај нивните два сина голем успех би дошло и доаѓањето на ќерка, но најважно им е сè да оди добро и бебето да е здраво. Со оглед на тоа дека Ана е во поодмината бременост, сосема е сигурно дека го знаат полот на бебето, но тоа не го открија. И членовите на семејството се таинствени затоа што сакаат да ја зачуваат својата приватност, но веројатно го знаат и полот на бебето - се наведува.

View this post on Instagram

A post shared by (@anaivanovic)


Се наведува и дека Ана била бремена кога последен пат престојувала во Србија.

- Но, тогаш стомакот не ѝ се познаваше, па можеа да ја сокријат веста. Таа добро ја поднесува бременоста, опуштена е и добро се чувствува. Затоа не ги ни откажа сите деловни обврски што ги има поради приватниот бизнис што го започна. Времето го поминуваат во Австрија, во куќа која ја опремија по нивна желба. Таму воздухот е чист, имаат органска храна која ја набавува куќната помошничка и сите уживаат. Бастијан скија, санка со децата додека Ана повеќе пешачи. 

View this post on Instagram

A post shared by (@anaivanovic)


Поранешниот светски шампион со германската репрезентација ужива во семејните денови.

- Во вистински момент се повлече од професионалниот спорт, па се вклучи во воспитувањето на најмалите. Темелно ужива во секој момент со нив, тој и Ана имаат ист став за тоа како треба да се воспитуваат, па затоа се синхронизирани за тоа. Таа многу чита за родителството и се едуцира бидејќи ѝ е важно момчињата да пораснат во емотивно здрави луѓе. И таа и Бастијан пораснаа во семејна атмосфера, со многу љубов и затоа сакаат нивните деца да имаат среќно детство. Им беше кажано дека доаѓа засилување и неизмерно се радуваат на тоа. Ана најверојатно ќе се породи во Германија, но тоа не е сигурно, можеби и во Австрија. Секако, планот е штом бебето малку ќе порасне, тие да заминат во Шпанија, каде што имаат куќа на брегот и таму ќе уживаат цело лето.

Извор: 24sedam.rs