Како брзо да го одмрзнете месото без да ги изгуби корисните својства

Добивај вести на Viber

Микробрановата печка има свои значајни недостатоци што не треба да се забораваат

Веројатно многумина се соочиле со проблемот кога гостите се скоро на прагот и не поминало доволно време за да се одмрзне месото. Како да се дејствува во овој случај за да не се изгубат хранливите материи на производот? Но, исто така ако месото се одмрзне неправилно, може да стане гумаво и невкусно!

Најчестите методи за одмрзнување досега се следниве:
- Микробранова печка
- Вода
- Вакуумско пакување
- Фрижидер


Микробранова печка
Омилен уред кој помага не само при загревање на јадење, туку и за брзо одмрзнување на месото. Сепак, овој метод има свои значајни недостатоци, кои не смеат да се заборават: прво, појавата на непријатен мирис не може да се избегне, второ, месото нема да биде сочно и трето, производот се загрева нерамномерно, што значи дека одмрзнувањето ќе биде делумно.

Вода
Многу домаќинки ја прават истата грешка: го одмрзнуваат месото во врела вода. Прво, водата треба да биде умерено топла, и второ, треба да се менува на секои 5 минути. Ова се должи на фактот дека бактериите се размножуваат многу брзо во течност, така што месото не треба да биде во неа долго време.

Вакуумско пакување
Ако треба да го одмрзнете месото во вода, прво можете да го ставите во вакуумска кеса, преку која водата не може да влијае на вкусот и сочноста на производот. Но, овој метод не е толку брз и ефикасен како и претходните.

Фрижидер
Најпогодна опција, по овој начин бавно се одмрзнува месото, но производот нема да го изгуби вкусот, аромата или хранливите материи. Но, се разбира, за таа цел месото мора да остане во фрижидер најмалку 7 часа.

Исто така, можеме да ви дадеме добра препорака. За брзо да го пронајдете потребното парче месо или риба во замрзнувачот, препорачуваме секое парче да биде потпишано и да ја наведете нејговата тежина. Ова ќе ви овозможи многу полесно да го пронајдете месото што треба да го подготвите.


Извор: jenata.blitz.bg

Храна што можете да ја чувате и надвор од фрижидерот

Со овој мал трик ќе го продолжите животот на овошјето и зеленчукот во вашиот фрижидер

Храна присутна во секој фрижидер: Никако не ја давајте на деца