Kaко да ги натерате вашите деца да учат?

Добивај вести на Viber

Кога децата се во пубертет, тие често се во интелектуално затишје. Обично во тоа време родителите вршат притисок врз децата да учат повеќе, бидејќи сфаќаат дека дупките во образованието можат да бидат сериозна пречка подоцна.  Децата пак  се однесуваат спротивно од  желбата на возрасните. 

Некои родители се обидуваат да ги мотивираат децата со пари и ветуваат дека ако детето има одлична оценка, ќе добие пари. Со овој финансиски стимул детето го прифаќа предизвикот, учи повеќе и ја добива потребната оценка. Но, оваа техника е многу опасна, бидејќи во таква ситуација на детето не секогаш може да му бидат доволен поттик парите што му ги давате и евентуално ќе сака повеќе за секоја нова добиена оценка. На крајот детето треба да осознае дека не парите се вистинска награда, а новите знаења ќе му помагаат во животот понатаму.

Замолете го да ви раскаже што научило денес. Така, повторувајќи ги лекциите со свои зборови, детето подобро ќе го запамети наученото. Што се однесува до оценките - тие не секогаш се вистински критериум за знаењето и вештините.

Кога детето има проблем со математиката, но во исто време пишува неверојатни есеи - подарете му помагало со задачи, а додадете и убав тефтер. Така ќе ги зајакнете неговите талентите и ќе му помогнете со тешкотиите без да му наметнувате чувство на помала вредност.