Како да им е сестра, а не мајка: Маја Панчева на женски одмор со ќерките

Добивај вести на Viber

Пејачката Маја Гроздановска Панчева објави фотографија од заедничкиот одмор со нејзините две ќерки.

Откако Надица и Марија се веќе големи девојки, пејачката скоро секоја година практикува женски одмор на некоја летна дестинација.

Заедничката фотографија на која сите три изгледаат како да се сестри, е традиција секоја година.

Инаку Надица постарата ќерка на Маја и Дарко дипломираше на Филолошкиот факултет – Германски јазик и книжевност, додека Марија оваа година матурираше и таа е дел од модното студио „Црнокрак“.

Во продолжение нивните селфи фотографии од изминатите години:

Фото: Инстаграм