Kaко да ја одложите појавата на белите влакна?
Белата коса може да биде предизвикана од стрес и анксиозност.
Пушењето го забрзува процесот на стареење на целото тело, вклучително и косата. Првото нешто што треба да го направите е да се откажете од оваа лоша навика.
Збогум на кафето, алкохолот и брзата храна!
Премногу алкохол и кофеин, како и брза храна се штетни и за здравјето и за косата. Тие само можат да предизвикаат предвремено стареење. Избегнувајте брза храна, ограничете го внесот на бело брашно и рафиниран шеќер. Оваа храна го намалува нивото на енергија, а не добивате ништо за возврат од нив. На вашата коса и требаат здрави намирници за да остане млада.
Ако не сте доволно хидрирани, хранливите материи нема да можат лесно да стигнат до вашите фоликули на косата. Токму недоволната хидратација може да предизвика предвремено белеење на косата.