Како да ја спречите досадата во бракот: 7 знаци што доведуваат до развод

На веста дека некој пар се разведува, повеќето од луѓето, прво помислуваат дека причина е измамата. Но, грешат. Од заседа се кријат поопасните непријатели на љубовта. На пример, можеби се работи за досадата, која многумина ја нарекуваат потенцијален убиец на врската. Во нејзината замка паѓаат сите, и оние за кои изгледа се чинеше дека се создадени еден за друг, но и оние кои поминале големи раскрсници, како раѓање на наследник, па дури и постарите партнери кои ги испратиле своите возрасни деца во нов живот. 

Бројни истражувања потврдуваат колку е присутна досадата. Токму „досаден“ е најчестиот епитет со кој паровите го опишуваат својот брак. Очекувано, жените почесто се жалат на досада отколку мажите, а едно истражување покажало и кога таа точно се појавува - по 11 години и 7 месеци. 

Може да се случи и партнерите низ годините да се менуваат во различни насоки, обично поради тоа што не разговараат отворено за новите изгледи во себе, желбите и погледи на врската и животот. Значи, не се поштедени ни оние кај кои во почетокот се било во ред, но се тек на време се оддалечиле. Некогаш со нетрпение ја очекувала секоја СМС порака, облеката за облекување внимателно ја избирала, без здив ја слушала секоја реченица. А потоа СМС пораките станале предвидливи, фустаните им отстапиле место на удобните маички, а речениците се слушаат „со половина мозок“. Од романтиката партнерите најчесто се откажуваат после две и пол години брак, што не мора да биде опасно.

Досадата не е причина за оддалечување од партнерот, туку сигнал дека дошло до тоа. Може да настане и ако двојката не посветува доволно внимание, време и енергија, а и со самиот однос, бидејќи се окупирани со други случувања, во животот, пари, успех, социјален статус, академско усовршување, па повеќе се трудат да ги постигнат тие цели. Тогаш секако би требало да размислат и разговараат зошто и како дошло до тоа - предупредува психологот. Како и убавината, и чувството на досада е во окото на набљудувачите - она во што една личност ужива, на друга може да и биде монотоно. Повеќето испитаници во едно канадско истражување се сложиле дека прв показател на досадата во врската е недостигот од интерес на партнерот. Ако ни е досадно, а ништо не правиме по тоа прашање, може да се случи забавата да ја побараме од страна, што може да резултира со неверство. Затоа, кога ќе сфатиме дека сме паднале во монотонија, треба да бидеме искрени и да разговараме со партнерот, бидејќи само така можеме да креираме содржаен и возбудлив однос. Важно е партнерите да имаат слични интереси, вредности и животен стил, но и со тек на времето, да пронаоѓате нови работи во кои двајцата ќе уживате. 

Следните знаци укажуваат на досада во бракот:

  • Се поретко разговарате, па дури не се ни карате
  • Ставовите и хобија на вашиот партнер не ве интересираат,
  • Сексот стана предвидлив
  • Слободното време го поминувате гледајќи телевизија и интернет наместо во заеднички активности
  • Помислата дека за викенд или одморот ќе го поминете со пријател, наместо со партнер ве воодушевува
  • Не се сеќавате кога последен пат сте отишле на романтична вечера
  • Не го изненадувате партнерот дури ни за роденден