Како да патувате цела година, а да бидете платени
Замислете дека цела година можете да патувате низ светот и плус за тоа некој да ви плати.
World Life Experience, организацијата со седиште во Лисабон, го нуди токму тоа!
Оваа организација бара 11 луѓе кои цела 2019та година ќе ја поминат патувајќи низ светот. При тоа ќе откриваат, ќе се запознаваат и ќе работат со многу локални луѓе и организации.
Во целата приказна е важен фактот дека сите трошоци се покриени, за патувањето ќе бидете платени, а единствено што ви е потребно е слободно време со многу локални луѓе и пријавата да ја поднесете до 20 јули оваа година.
Идејата не е нова, бидејќи уште оваа година првото „издание“ на ова чудесно патување почнало во јануари. Единаесет среќници во моментот патуваат, а на своето патување ќе поминат три континенти и многубројни држави.
11 луѓе кои ќе добијат прилика да патуваат следната година ќе посетат пет континенти, додека во секој град кој ќе го посетат ќе поминат две недели, од што еден дел ќе отпадне на работа а другиот на учење. Но, дел ќе има и за забава. Платата која „вработените“ ќе ја добиваат ќе изнесува 2500 евра.
Услов за пријава е патниците да не бидат помлади од 21 година, а постари од 39 години. Исто така, мора да бидат одговорни, толерантни , комуникативни, провокативни и флексибилни, и покрај се тоа, подготвени на групна работа.
Сите избрани ќе бидат од различни националности и своите искуства од патувањата ќе ги споделуваат по пат на социјалните мрежи. Со англиски јазик мора да се служат на високо ниво, а патувањето почнува од средината на јануари па до крајот на ноември.